Министерот за култура Зоран Љутков ја доби наградата „Да за уметност“ во Анталија

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, актер по професија, ја доби главната награда „Да за уметност“, највисокото признание на Меѓународните медитерански театарски награди, што се доделуваат во Анталија, Турција.

– Оваа награда е голема чест и силна потврда за вредноста на мојата работа и долгогодишната посветеност на развојот на театарот и културата. Таа претставува признание не само за личниот труд, туку и за заедничкиот напор на сите што со љубов и верба придонесуваат уметноста да биде движечка сила во нашето општество. Длабока благодарност до реномираната комисија на наградите за ова признание, како и до сите пријатели, колеги и поддржувачи кои беа дел од секој чекор на овој пат. Заедно со наградените уметници од седум провинции на Медитеранот и од повеќе земји, ја славиме моќта на културата и уметноста што не поврзува и инспирира – изјави Љутков.

 

Сподели