Меѓународен археолошки симпозиум „Лихнида“ во Охрид

Во Охрид викендов се одржува Првиот меѓународен симпозиум за теоретска медитеранска археологија „Лихнида“. Симпозиумот е во рамките на Европските денови на наследството 2025 година, а ја организираат Заводот за заштита на спомениците на културата во Охрид во соработка со Институтот за културно наследство и археологија и Универзитетот „Хумболт“ во Калифорнија. Меѓународен директор на симпозиумот е амбасадорот проф. д-р Љубен Тевдовски од Институтот за историја и археологија, Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип, претседател на Меѓународниот научен одбор е академик проф. д-р Мигел Џон Верслујс од Универзитетот „Лајден“ и потпретседател проф. д-р Емануела Борџија од Универзитетот „Сапиенца“ од Рим.

Сподели