Омаж на Ана Стојаноска во чест на 100 години од раѓањето на Коле Чашуле

„Прилеп за Чашуле“ е настан со кој Прилеп ќе го одбележи јубилејот 100 години од раѓањето на големиот македонски писател Коле Чашуле. Чествувањето ќе започне во 17 часот на платото пред библиотеката „Борка Талески“.

Проф.д-р Ана Стојаноска ќе одржи кратко предавање/омаж за Коле Чашуле (1921-2009), како дел од чествувањето. Театрологот Стојаноска во омажот се фокусира на три доминантни топоси од неговото творештво – Чашуле – автор на првата модерна македонска драма „Вејка на ветрот“ и воопшто за неговата драматика; Чашуле – писател – романописец, есеист, новелист со краток осврт на доминантните негови прозни остварувања; Чашуле и Прилеп – Прилеп како главен лик во неговите дела.

За таа цел ќе биде слушне и неговиот глас преку читањата на актерите Марија Спиркоска – Илијески и Илија Волчески, актери во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Сподели