Наодите од проектот „Бариери на општествениот развој“ денеска во 12 часот ќе бидат презентирани на платформата зум. Презентацијата е во рамките на традиционалната научна среда на Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
– На оваа средба ќе бидат презентирани наодите од проектот по што ќе следи дискусија за состојбите во различните општествени сфери кои имаат негативно влијание врз развојот на нашата земја – велат од ИСППИ.
Пред учесниците ќе се обрати проф. д-р Бојана Наумовска, директорка на ИСППИ, а воведен збор ќе има доц. д-р Иван Блажевски, раководител на проектот. За „Пандемијата со ковид-19 и предизвикот на калкулираниот ризик“ ќе зборува проф. д-р Славејко Сасајковски, а за „Образованието како функција на општествениот развој (бариери и предизвици)“, проф. д-р Петар Атанасов. „Анализа на бариерите за раст и развој на малите и средните претпријатија“ е областа за која ќе зборува м-р Блаже Јосифовски, а за „Миграциските трендови во Република Северна Македонија (предизвик за општествениот развој)“ – доц. д-р Иван Блажевски. Следува дискусија во која ќе учествуваат проф. д-р Златко Жоглев, од Педагошки факултет при УКЛО – Битола, Шериф Мифтари, директор на Центар за стручно образование и обука, м-р Горан Лазаревски, извршен директор на Сојуз на микрофинансиски организации и Билјана Деловска, раководителка на сектор во Агенција за вработување.
Настаност може да го следите на овој ЛИНК.
Насловна фотографија: Pixabay





