Филмовите „Мајка“ на Теона Стругар Митевска и „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски ќе учествуваат на престижниот 69. BFI London Film Festival (Лондонски филмски фестивал на Британскиот филмски институт). Ова е првпат два македонски наслови истовремено да бидат дел од овој фестивал и претставува историски успех за нашата кинематографија.
„Мајка“ ја имаше својата светска премиера на 82. Венециски филмски фестивал на 28 август, каде што беше пречекана со исклучителни критики. Улогите ги толкуваат: Никола Ристановски, Силивија Хукс, Екин Чорапчи, Марајке Пиној и Лабина Митевска.
„Диџех Ахмет“ веќе се закити со значајни награди на Сараевскиот филмски фестивал – Специјалната награда „Младински перспективи“ на Советот на Европа и наградата на Cineuropa, а неодамна триумфираше и со Гран при на фестивалот во Херцег Нови. Сценариото го потпишуваат Гоце Смилевски, Теона Стругар Митевска и Елма Татарaгиќ, додека зад камерата стои наградуваната белгиска директорка на фотографија Виржини Сен-Мартин (SBC). Првите критики по премиерата го оценија „Мајка“ како „смело и современо филмско портретирање“ и „најкомплексното остварување на Митевска досега“.
Овој исклучителен прием претставува уште еден голем успех за македонската кинематографија – во Венеција беше прикажан филм што се наметнува со интернационален јазик, естетика и релевантност.
Филмот „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски веќе бележи голем меѓународен успех. На годинашниот Сараевски филмски фестивал, делото освои две значајни награди: Специјалната награда „Младински перспективи“ спонзорирана од Советот на Европа, која жирито ја додели со образложение дека станува збор за „филм за млади луѓе кои ја предизвикуваат својата заедница и традиција – лежерна и хумористична, но многу трогателна приказна, збогатена со привлечни и живи изведби на младите актери и шарена кинематографија, за која веруваме дека има потенцијал да допре до публиката, особено до младите, низ целиот свет“
Втората награда ја додели престижниот европски портал Cineuropa, специјализирана веб-страница за кинематографија и филмски професионалци, кој го награди „DJ Ahmet“ како дело со неоспорни уметнички квалитети што воедно ја промовира и идејата за европски дијалог и интеграција. Дополнително, филмот триумфираше и на Филмскиот фестивал во Херцег Нови, каде што ја освои Гран при наградата, што ја зацврсти неговата позиција како еден од највпечатливите
регионални филмски успеси оваа година.





