Во дворот на Офицерскиот дом во Битола, вечерва во 19 часот ќе се одржи симболичниот чин на предавање на уметничко пијано, донација од Халкбанк АД Скопје за Културно-информативниот центар Битола. Настанот е наречен „Пијано што ќе му припаѓа на градот“.
-Ова пијано не е обичен инструмент – на неговата површина е изведена уметничка интервенција од македонски артисти, со што секој тон ќе добива и визуелна димензија. Вечерва, токму во Битола, ќе биде првото јавно откривање на пијаното пред градот – велат од КИЦ.
Ќе натапат: Алексeј Белевски, пијанист и ученик во Музичкото училиште – Битола, Анастасија Гичевска, пијанистка и професорка во истото училиште и Пијан Славеј, во пијано придружба на проф. Вангел Мажевски.
Со овој чин, Халкбанк уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон културата и уметноста, оставајќи подарок што ќе остане за сите граѓани на Битола.





