Концерт на пијанистите Петар Трбојевиќ и Елена Ефремова во Кочани

Во Мултикултурниот центар во Кочани вечерва во 19 часот ќе се одржи концерт за пијано, насловен „Музика за 20 прсти“. По 11 месеци, ова е прв музички настан во организација на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Ќе настапат пијанистите Елена Ефремова и Петар Трбојевиќ од Штип.

Настанот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам.

Сподели