„Дуално образование – конекцијата помеѓу компаниите и студентите“ е насловот на дебатата што ќе се одржи утре од 11 до 13 часот на факултетот „Хајделберг“ во Скопје. Присутните ќе ги поздрават проф. д-р Урлих Цајтел, претседател на бордот на директори и проф. д-р Синиша Наумоски, генерален менаџер на факултетот.
Воведен говор и отворање на панел-дискусија ќе има Антје Ванделт од Германско-македонската економска асоцијација AHK.
Модератор на дискусијата е м-р Вања Стојановски од „Теламон“ Скопје. Говорници на дискусијата се м-р Елизабета Саздовска – НЛБ банка АД Скопје, м-р Татјана Лопарски – Елемент PR, м-р Бобан Попевски – MDN Freight Inc., м-р Дејан Чуповски – AHK, д-р Гоце Димовски – ДТИРЗ, Блаже Петрески – WVP фонд менаџмент, Костандина Пареска Медарски – Valtech Macedonia и Антје Ванделт – AHK.





