Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ќе им додели целосни стипендии на членовите на македонскиот тим на Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2025), што забележа голем успех на Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2025) во Сукре, Боливија.

Во конкуренција од 330 ученици од 86 земји, нашите млади информатички гении освоија два сребрени медали (Дамјан Давков и Леонид Цуклев) и олимписка пофалба – (Благој Рујаноски Стојановски и Виктор Максимоски).
Од ФИНКИ им честитаат на сите натпреварувачи и изразуваат благодарност до менторите: д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков за посветената работа.





