Уметници и археолози од Македонија и Србија на неолитска работилница на Тумба Маџари

„Неолитска креативна работилница“ е насловен проектот што се одржа викендов на археолошкиот локалитет Тумба Маџари кај Скопје. Во духот на неолитот, уметници и археолози од Македонија и Србија создаваа уметност инспирирана од најстарата култура на овие простори.

Учесниците на работилницата изработуваа уметнички слики, неолитска керамика, накит и костими. Со проектот раководи д-р Перо Синадиновски, кустос во Археолошкиот музеј во Скопје, институција под чии ингеренции е локалитетот.

– Сите изработки беа од органски материјали, за максимална автентичност и почит кон древните занаети – велат од Музејот.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам, како дел од мисијата на музејот за оживување на неолитската култура преку современа интерпретација.

Фото: Археолошки музеј

Сподели