Изложба на фотографии Street Life на авторот Виктор Трајковски ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Авторот повеќе од 10 години е посветен на уличната фотографија, истражувајќи го човечкото присуство, движењето и светлината во јавните простори.

Виктор Трајковски (роден во 1977 година во Минстер, Германија) е фотограф кој живее во Куманово. Повеќе од десет години е посветен на улична фотографија, истражувајќи го човечкото присуство, движењето и светлината во јавните простори. Учествувал на групни изложби организирани од фото-кино клубот „Козјак“ во Куманово и освоил бројни награди на меѓународни и национални фотографски изложби.
Неговата главна инспирација е Алекс Веб, особено за неговата употреба на боја, композиција и слоевитост во уличната фотографија. Виктор продолжува да создава со длабока страст за секојдневниот живот и уметноста скриена во него. Активен член на Фото клуб „Куманово“.
Изложбата ќе биде поставена до 24 јули.





