Добитник на наградата „Млада Струга“ за 2025 година е Андреј Анѓеловиќ, за неговиот поетски ракопис „Чергар“. Наградата ја доделува фестивалот „Струшките вечери на поезијата“, во соработка со Јуроп хаус Струга, а со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во земјава. Конкурсот беше распишан за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант.
Наградата „Млада Струга“ има за цел да ја поддржи младата поетска сцена и да даде видливост на нови гласови со свежи поетски перспективи.





