На повеќе локации во Скопје, вечерва од 19 часот ќе се одржи мултисензорна изложба „Скопски урбани приказни“ на Уметничкиот совет на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Куратор на изложбата е Ана Франговска и Уметничкиот совет на ДЛУМ. Изложбата ќе се реализира на неколку локации на Плоштадот, кај Камени мост, на ул. Максим Горки, кај билетарницата на Македонската опера и балет. За повеќе детали, погледнете ја мапата.

Учествуваат: Славица Јанашлиева, Гоце Наневски, Марија Сотировска, Дијана Томиќ Радевска, Игор Сековски, Борис Шемов, Роберт Јанкуловски и Моника Мотеска, Ѓорќе Јовановиќ, Гордана Вренцовска, Борче Богоевски, Татјана Ристовска, Ана Вчкова, Светлана Волиќ (Србија) и Лучезар Бојаџиев (Бугарија).





