Четири бронзени медали и пофалница за Македонија на Балканската олимпијада по физика

Четири бронзени медали и една пофалница освои тимот од Македонија на 7. Балканска олимпијада по физика што од 26 до 30 јуни се одржа во Охрид. Со медали се закитија: Андреј Тасиќ (прва година во ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје),
Елена Јовановиќ (втора година во СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, Скопје), Андрија Младеновиќ (втора година во Математичко-информатичка гимназија, Скопје) и Даниел Христовски (втора година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје).

Пофалница освои Јаков Геговски од Скопје. Водачи на тимот беа: проф. Станиша Велковиќ – член на Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) и поранешен учесник на олимпијада по физика Јан Стојановски – студент на Институтот за физика при УКИМ и поранешен олимпиец.

На 7. Балканска олимпијада учествуваа 62 учесника од 16 држави од Балканот и пошироко.

Сподели