Режисерката Марија Апчевска доби поддршка од „Еуримаж“ за својот проект „Пролетно чистење“

Филмскиот проект „Пролетно чистење” на Марија Апчевска, сценарио на Апчевска и Ереник Беќири, доби поддршка од „Еуримаж“, најголемиот Европски фонд за копродукции, извести Агенцијата за филм. На последната сесија на овој фонд се поддржани проекти на оваа сесија на еминентните режисери Павел Павликовски, Лукас Донт, Мари Кројцер, Раду Џуд, Риусуке Хамагучи.

Проектот „Пролетно чистење“ се развиваше со средства од See Cinema Network и Creative Media Programme.

Филмот е во продукција на „Кино око“ и е финансиски поддржан од македонската Агенција за филм. Проектот доби финансиска поддршка и од Грчкиот филмски центар, Грчката национална телевизија, Словенечкиот филмски центар, Филмското студио „Виба“ и Српскиот филмски центар. Копродуценти од овие држави се филмските компании Foss Productions (Грција), Arsmedia (Словенија) и Сервиа Филм (Србија).

Сподели