Експерти од повеќе од 20 земји на 3. Светска конференција за религиски дијалог и соработка

Еминентни професори и експерти од повеќе од 20 земји од целиот свет учествуваат на 3. Светска конференција за религиски дијалог и соработка, што се одржува до 27 јуни во Крушево, а ја организира Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На собирот учествуваат претставници од САД, Австралија, Тајван, Јужна Африка, Иран, Италија, Холандија, Данска, Естонија, Полска, Украина, Романија, Србија, Хрватска, Бугарија и од Македонија.

– Целта на конференцијата е да ги истражи клучните теми поврзани со религискиот дијалог и соработката во современиот свет, промовирајќи разбирање и заеднички пристапи кон глобалните предизвици. Овој настан нуди единствена можност за увид во најновите истражувања и дискусии во областа на меѓурелигискиот и интеркултурниот дијалог – велат организаторите.

Повеќе за програмата на линкот.

Сподели