Изложен проектот со кој Славица Јанешлиева ја претстави Македонија на 60. Венециско биенале

Проектот Inter Spem et Metum со која уметничката Славица Јанешлиева ја претстави Македонија на минатогодишното 60. Биенале за уметност во Венеција синоќа беше отворена во Чифте амам во Старата скопска чаршија. Трансмедијалниот и транснаративен проект на Јанешлиева претставува визуелно прочистена и концептуално осмислена просторна инсталација која нè фрла во цивилизацискиот дебрис на еден мошне сензитивен и бајковит начин. Куратор на проектот е д-р Ана Франговска.

– Низ повеќедимензионални медиумски платформи и материјали, како пердуви, лед-неонски натписи, проекции, огледала, Јанешлиева нè впушта во неколку концептуално-наратолошки матрици каде нè соочува со чувството да си странец и тоа оној кој е насекаде, во мене, во тебе, во нив, во нас. Таа нè соочува со прифаќањето или неприфаќањето на одвоените кфалификативи од оние на мноштвото, без оглед дали различноста се базира на полот, сексуалната определба, изгледот, појавата, однесувањето, болест, националност, религија, јазик, политичко убедување …

Нè соочува и со чувството на самостигматизација, автоцензура, самокритика, заради Изложбата ќе биде поставена во Чифте амам до 31 јули.

Сподели