На Летната сцена „Славиша Кајевски“ при Македонскиот народен театар, утревечер во 20 часот ќе настапи музичарот Мартин Џорлев. Тој ќе го промовира својот албум „Животни“. По него ќе настапи пејачката Елена Васова. Летната сцена годинава е со хуманитарен карактер и средствата од продажбата на билетите е наменета за Support Кочани. Манифестацијата се реализира со поддршка на Македонски Телеком.
Со овој проект, младите стануваат двигатели на солидарноста. Манифестацијата се реализира во соработка со „Стереолаб“, а влезниците се по симболична цена од 300 денари.
Оваа шестдневната програма на летната сцена е во рамките на одбележувањето „80 години Македонски народен театар“.
Фоторафија Елена Васова: Маја Аргакијева





