1.570 стипендии ќе бидат одобрени на учениците што ќе се запишат во следната учебна 2025/26 година во дуални паралелки во средните стручни училишта, соопшти Владата. Учениците со завршување на средно стручно училиште, ќе имаат поголема веројатност за брзо вработување, во најголем дел во компаниите каде посетувале пракса, или пак да продолжат со своето образование на некои од универзитетите во државата, објаснуваат од Владата.
-За тоа дека вложуваме во дуалното образование и ги стимулираме и компаниите за нивна поголема вклученост, покажува и тоа што над 550 компании оваа година директно ќе бидат вклучени во практична обука на учениците што ќе се запишат во дуалните паралелки. Наш приоритет е да ја зголемиме вработливоста на младите лица и да создадеме квалификуван кадри со вештини и компетенции што се потребни на компаниите, а со тоа ќе овозможиме младите својата иднина да ја градат во сопствената држава – се вели во соопштението.





