Современа македонска музика во КИЦ Белград

Македонскиот КИЦ во Белград, вечерва во 18 часот организира вечер на современа македонска музика насловена како „Извор“. Десет современи музички музички теми ќе бидат изведени од Марко Виденовиќ на пијано, Владимир Лазаревски на обоа и Памела Велкова на виолина. Автор на сите музички теми е Марко Виденовиќ.

Овој музички проект е поддржан од Министерството за култура и туризам, организатор на настанот е македонскиот КИЦ во Белград, а концертот ќе се одржи во соработка со Културниот центар на Белград кој ќе биде домаќин на настанот и со поддршка на Националниот совет на Македонците во Србија.

Сподели