На Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје денеска во 11 часот ќе биде одбележана 80-годишнината од раѓањето на д-р Зденка Рибарова. Присутните ќе ги поздраво д-р Елена Јовановска-Грујовска, директорка на Институтот. Проф. Д-р Лилјана Макаријоска ќе зборува за придонесот на Рибарова во проучувањето и афирмацијата на македонското ракописно наследство.
Во рамките на свеченоста ќе се одржат промоции на „Кратовско евангелие“ (промотор проф. д-р Емилија Црвенковска) и „Речник на црковнословенскиот јазик од македонска редакција“ св. 16 (промотор проф. Д-р Веселинка Лаброска).





