Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар во Скопје освои Гран при меѓународниот хорски фестивал „Црноморски звуци“ што се одржа од 4 до 8 јуни во Балчик, Бугарија. Освен на натпреварот, хорот учествуваше и концертите на фестивалот и на мастер-предавањата каде се изучуваа нови композиции заедно со другите ансамбли учесници.
– Ова е уште еден во низата успеси на хорот и маестро Сашо Татарчевски – велат од МКЦ.
Патувањето и учеството беа поддржани од Министерството за култура и туризам и од Град Скопје. Женскиот младински хор продолжува со концерти во текот на јуни во Охрид и во Тетово.





