Советување за дигитализацијата на културното наследство на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ

На Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска од 10 часот се одржува советување на тема: „Дигитализација на културното наследство во Македонија: предизвици, искуства и перспективи“. Презентациите ќе опфатат неколку теми: Преглед на законската регулатива, стратегии и активности поврзани со дигитализацијата на културното наследство, логата на Управата за заштита на културното наследство во процесот на дигитализација, Примери од меѓународна пракса, Дигиталниот Архив за етнолошки и антрополошки ресурси на ПМФ при УКИМ, Големите европски истражувачки инфраструктури за заштита на културното наследство.

Советувањето се одржува во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од постоењето на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ. Повеќе информации на линкот.

Сподели