Во Музејот на град Скопје денеска во 19 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Секојдневен живот“. Ќе бидат претставени вкупно 60 фотографии од тројца локални аматерски фотографи, Хусамедин Гина, Лејла А. Куртов и Ердем Ахмед. Секој автор ќе се претстави со по 20 дела. Преку објективот на авторите, публиката ќе може да ја доживее убавината на обичните моменти од секојдневието, пренесени со искреност и естетика.
Целта на изложбата е да се поддржат локалните уметници и да се зајакне културната размена и поврзаност во заедницата. Настанот е отворен за сите љубители на фотографијата и културата.
Изложбата ќе биде отворена за посетители до 19 јуни. Изложбата ја организира Центарот за култура на турската заедница во Македонија, со поддршка на Министерството за култура и туризам.





