Колона верна публика на фестивалот „Војдан Чернодрински“, „12“ на МНТ – распродадена

Редици луѓе утрово чекаат за да купат влезници за претставите на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што од 6 до 13 јуни ќе се одржи во Прилеп. Утрово во 10 часот започна продажбата на влезниците за 13-те претстави од официјалната и од независната селекција. Влезници можат да се купат и со онлајн-продажба.

Ретко кој град или манифестација може да се пофали со таков интерес за посета на каков било фестивал. Исто така, претставата на Македонскиот народен театар, „12“ во режина на Синиша Евтимов која треба да го отвореи фестивалот в петок, е веќе распродадена по само неколку часа.

Сподели