Изложбата има меморијален карактер и е посветена на прерано починатата позната македонска вајарка Гордана Хаџиниколова-Малашев, а посетителите на КИЦ во Белград изложбата ќе можат да ја погледат до 9 јуни.
Пред бројни љубители на ликовната уметност и во исклучително емотивна атмосфера, синоќа во Македонскиот КИЦ во Белград, беше отворена изложбата на Касиопеја Наумоска и Катерина Деспот, насловена како „Насликани зборови“. За уметничкиот опус на познатите македонски уметници и за нивната заедничка ликовна концепција со која годинава се претставуваат во Белград, Прилеп и Скопје, зборуваше директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров.

Уметниците во своето обраќање истакнаа дека она што ги спојува, а творат во различни уметнички области-класичното сликарство и дизајнот, е она неизреченото и нераскажливото од пределите на човековата душа, кое го пренесуваат преку своите дела и насликаните нераскажани зборови.