91. Критична маса во Скопје – глетка што радува

91. Критична маса во Скопје вчера се организираше низ скопските улици. Неколку стотици ентузиајсти, од најмали до возрасни вртеа на педалите заедно за подобра велосипедска инфраструктура. Организатори се „На точак“ . Турата започна од плоштадот „Македонија“, а се реализира токму на Меѓународниот ден на велосипедот.

– Од мај 2012-та досега 90 пати сме ја возеле „официјалната“ критична маса групно по улиците праќајќи осмислена порака важна за велосипедскиот сообраќај. Зборот, пак, „критично“ од слоганот за кризата во однос на ситуацијата во Скопје, се поклопува со името на настанот „Критична маса“ кој подразбира доволна бројка на луѓе кои ќе направат промена. Се надеваме дека имаме доволно критична маса за оваа криза (на кинески зборот криза се формира од зборовите опасност + можност) да ја претвориме од опасност во надеж! – додаваат организаторите на „Критична маса“.

Скопје заслужува подобри градоначалници и општински совети, луѓе кои нема да се бават со ситни теми, туку радикално ќе го подобрат градот! Креваме слушалка заедно кон Скопје и му велиме: „Ало 091, ало Скопје, критично е, дојди на Критична маса“, велат од „Критична маса“.

Фото: Маја Јаневска-Илиева

Сподели