Претставата „Лирско вилинско коњче” на Театарот „Микропера“ од Сарагоса, Шпанија доби Гран при на 26. Интернационален фестивал на монодрама во Битола. За најдобар актер е прогласен Роналд Ранд од САД, за претставата „Нека биде уметност!”. Наградата за најдобра режија ја доби Невена Митева од Бугарија за претставата „Декамерон“ на Државниот куклен театар од Сливен, Бугарија. Истата претстава во изведба на Ана Петрова, ја доби наградата од публиката. Специјално признание и плакета за особен придонес во развојот на фестивалот ѝ беше врачена на Љупка Коларова Пајевиќ, основач и долгогодишен организатор.

Наградите беа доделени синоќа на затворањето на фестивалот. Во чест на наградените, актерката Соња Михајлова со претставата „Куфер.мк“. За наградите одлучи жирито во состав: Рисима Рисимкин (Македонија), Емре Ердем (Турција) и Лаша Чхартишвили (Грузија).

Фестивалот се одржа под слоганот „Еден збор – еден свет”.






