Во Младинскиот културен центар во Скопје вечерва во 19 часот свечено ќе биде откриен муралот од полскиот уличен уметник Пшемислав Блејзик (Саинер).
– Саинер е едно од најпрепознатливите имиња во современата улична уметност. Познат по неговиот надреалистички стил, богати палети и импресивни мурали што го разубавуваат урбаниот простор во градови низ целиот свет – велат организаторите.
Настанот го организира полската амбасада во земјава во соработка со Институтот „Адам Мицкиевич“ како дел од меѓународната културна програма на Претседателството на Република Полска со Советот на Европската Унија.





