Јубилејната изложба „35 години уметност“ на универзитетскиот професор и сликар Решат Амети е отворена во Уметничката галерија во Тетово. Ретроспективната изложба на сублимира неговата долгогодишна активност. Во поставката се застапени и дела од популарните циклуси „Енигма“ и „Од традицијата“, карактеристични со експресивен, апстрактен стил. Кураторка на изложбата е Беса Даути.

Според Арбенита Мета, в.д. директорка на галеријата, рече дека изложбата е посебен момент за институцијата и за уметничкиот живот на градот. Таа додаде дека посветеноста на Амети, неговата страст и почит кон уметноста се инспирација за младите генерации уметници. Мета најави дека наесен ќе биде објавена специјална монографија за Амети.
Професорот Данчо Ордев и ликовниот критичар Михаит Полложани го оценија влијанието на Амети врз современата уметност, нагласувајќи ја улогата на светлината како симболичен и емоционален елемент во неговите дела.

Авторот нагласи дека сликањето е како разговор со душата и им се заблагодари на сите кои го поддржувале во текот на неговото повеќе од тридецениско уметничко патување.
Изложбата во Тетово ќе биде отворена две недели.
Фото: Уметничка галерија – Тетово / Јасмина Крстоска и Африм Зибери





