Завршниот, Мастерс-квиз за оваа сезона на Македонската квиз асоцијација (МКА) ќе се одржи на 25 мај (11 часот) на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Настанот полека прераснува во традиција и по трет пат го носи елитниот квизерски дух на македонската сцена.
– Најдобрите квизаџии од земјата ќе имаат можност да ги одмерат своите знаења низ широк спектар на теми: култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет. Секој учесник ќе одговара на вкупно 200 прашања, поделени во два дела со по четири теми и 100 прашања, а времето за решавање на секој дел е еден час – велат од Асоцијацијата.
Автор на прашањата за квизот е искусниот квиз-мајстор Мартин Мајк Петрески. Котизацијата за учество е 150 денари, а учесниците може да платат на почетокот на квизот или преку жиро-сметка: 210075841210139.
Пријавувањето е отворено и сите заинтересирани може да го пополнат формуларот на линкот.
Насловна фотографија: МКА (архива)





