Во галеријата „Арт проџект спејс“ во Атина синоќа беше отворена изложбата „Скриеното трето“ на македонски, грчки, српски и кипарски уметнички. Изложбата ја подготвијата атинската и Националната галерија на Македонија. Кураторки се Ана Франговска и Ники Папаспиру.
– Изложбата создава феминистички простор на соживот, отпор и прекомпонирање, истакнувајќи ја важноста на уметничкиот израз во постојано променливиот свет – велат од Националната галерија.
На изложбата свои дела претставуваат: Слободанка Ступар, Аница Вучетиќ, Дарија С. Радаковиќ, Анита Аргироилиопулу, Ефи Фурики, Катерина Евангелаκу, Моника Мотеска, Вана Урошевиќ, Дијана Томиќ, Славица Јанешлиева, Клица Антониу, Марина Касианиду и Елина Јоану.





