Џез музичарот и гитарист Владимир Четкар на 8 мај од 22 часот во Public Room ќе го промовира својот нов албум Let Us Be.
Еден час претходно, ќе настапи диџејот Пејчи.
-Не пропуштајте го овој редок музички настан на еден од најголемите македонски музички амбасадори во светот! – велат организаторите.
Билетите се пуштени во продажба на www.drugastrana.mk.





