Пет номинации за наградите „Аскер“ за претставата „Без крв“ на Велешкиот театар и Драмски театар од Пловдив

Копродукциската претстава „Без крв“ на Театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ и Драмскиот театар од Пловдив освои пет номинации за најпрестижните театарски награди во Бугарија „Аскер“. Меѓу номинираните се: Сашко Костов за најдобра театарска музика.

Тој е номиниран заедно со својот колега од Драмскиот театар од Пловдив, Јавор Карагитлиев. Номинија имаат и Валентин Светозарев за сценографија, Раде Василев и Елена Вангеловска за костимографија, за најдобра претстава и за режија на бугарската режисерка Диана Добрева.

Одмазда, простување, љубов во поствоено време. Ова се мотивите на протагонистите во претставата „Без крв“, чија македонска премиера се одржа во рамки на „Млад отворен театар“ (MOT). Претставата, работена според новелата на Алесандро Барико, во адаптација на Александар Секулов.
„Се работи за љубовта што се раѓа и само таа љубов може да ги затвори раните“, рече Александар Секулов, автор на драмската адаптација.

Сподели