Учејќи за традицијата, деца во КИЦ Белград учеа и за емпатија

Македонскиот Културно-информативен центар во Белград беше организатор на креативна работилница за декорирање велигденски јајца и велигденски честитки посветени на младите кои се’ уште се наоѓаат на лекување во белградските болници, по трагедијата во Кочани.
Работилницата ја водеше ликовната уметница, м-р Ирена Ѓукиќ, велигденски црвени јајца подготви Верка Михајлова, а настанот се организира во соработка со Националниот совет на Македонците во Србија.

Ова беше можност, децата од македонски семејства во Белград, учејќи за традицијата, да учат да негуваат и емпатија, рече Васко Шутаров, директор на нашиот КИЦ во Белград.

Сподели