Изложба на фотографии од заборавените села во Македонија

Изложба на фотографии од македонските села ќе биде отворена в сабота (26 април) во 18 часот Музејот на современата уметност во Скопје. Фотографиите во изминатите десет години ги снимил тимот од проектот „Викиекспедиции“.

– Во текот на десетгодишните шетања низ Македонија имаме документирано 1.122 цркви и 172 џамии низ скоро цела Македонија. Во Македонија има 363 централни основни училишта, но уште најмалку исто толку има подрачни училишта во руралните средини. Сме фотографирале 314 активни училишта низ Македонија и уште најмалку стотина поранешни училишни градби – велат од тимот.

Проектот „Викиекспедиции“ е започнат во 2015 година со идеја да се документираат македонските села и да се промовираат преку најголемата слободна енциклопедија „Википедија“. На изложбата во МСУ ќе бидат претставени фотографии од нашите понекогаш целосно заборавени села. Поканата е отворена за секого што сака да нурне во убавините на нашата Македонија. На отворањето краток осврт ќе имаат членовите вклучени во експедициите низ измината деценија.

Сподели