Форум за културни рути на Советот на Европа

Во просториите на „Јавна соба“ денеска во 10.30 часот ќе биде отворен „Форум за културните рути на Советот на Европа во функција на развојот на културниот туризам“. Пред присутните ќе се обрати министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

На Форумот ќе бидат презентирани културните рути на Советот на Европа во кои е вклучена и нашата држава: „Рута на Св. Кирил и Методиј“, „Винска рута-Итер Витис“ и „Рута на римски иператори и Дунавска винска рута“.

Форумот е можност за дискусија, размена на идеи, мислења и искуства со други експерти и учесници од различни сфери за идниот развој на оваа област.

Сподели