МОН се вклучува во „Генералка викенд“

Меморандум за соработка потпишаа Министерството за образование и наука и „Мен енд маунтин“, креатор и организатор на проектот „Зелена Сончева“ во чии рамки се реализираат повеќе еколошки акции годишно. Партнерство подразбира меѓусебна поддршка на активностите за поттикнување на еколошката свест и акции за заштита на животната средина.

Еден од поуспешните настани во изминатиот период е акцијата за собирање и селектирање отпад „Генералка викенд“. Годинава настанот ќе се одржи од 9 до 11 мај и ќе биде поддржан од Министерството за образование и наука преку поголема вклученост на училиштата, односно учениците и училишниот персонал.

Во согласност со меморандумот, во период од 3 години преку заемна соработка ќе бидат спроведени и повеќе други проекти од областа на животната средина, циркуларната економија и управувањето со отпадот, како дел од образовните активности во основните и средните училишта во државата.

Насловна фотографија: Архива

Сподели