Алексиј Тасиќ освои златен медал на Иранската геометриска олимпијада

Матурантот Алексиј Тасиќ од Скопје освои златен медал на Иранската геометриска олимпијада за 2024 година. Олимпијадата се одржа во октомври минатата година, но неодамна беа сумирани резултатите од сите 42 држави. На натпреварот учествуваа 171 учесник. Секој во својата држава ги решаваше задачите.

На неодамна одржаната 32. Македонска математичка олимпијада, Тасиќ исто така освои златен медал.

Алексиј е ученик во приватното средно училиште „Јахја Кемал“ во Скопје.

Сподели