30. издание на Скопскиот моден викенд – индивидуалноста како колективна сила

Од 25 до 27 април ќе се одржи 30. издание на скопскиот моден викенд (Fashion Weekend Skopje – FWSK 30). Публиката нема да биде само љубител на модата, туку и оние што ја чувствуваат како социјален и културен феномен. Оние што знаат дека во модата стилот е личен, но промената е колективна.

Манифестацијата го помести датумот на одржување поради трагедијата во Кочани што ја потресе целата јавност. Повеќе информации и целата програма ќе ја најдете на линкот.

Главниот визуелен концепт е резултат на креативната енергија на студентите од Факултетот за графички дизајн при Меѓународниот балкански универзитет, кои создадоа динамична и инспиративна визуелна приказна за оваа сезона. Во манифестацијата се вклучени и средношколците од скопското училиште „Димитар Влахов“ и многу спонзори.

Сподели