Џез-тапанарот Теодор Јаневски ја доби наградата за најдобар млад џез-музичар

Наградата за најдобар млад џез-музичар „Гоце Димитровски“ за 2024 година ја доби Теодор Јаневски, дипломиран џез-тапанар на Џез одделот на Музичката академија при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Наградата ќе му бие врачена на 8. издание на фестивалот „Џез фактори“ што ќе се одржи од 17 до 19 април во Народниот театар и Центарот за култура во Битола.

На фестивалот ќе настапат повеќе реномирани џез-музичари од Македонија и од странство. Наградата традиционално се доделува во соработка со Општина Битола. Досегашни добитници на наградата се: тапанарот Александар Ванчовски, гитаристите Филип Динев и Александар Бошков и пијанистите Јован Цветковиќ и Давид Скерлевски.

Фестивалот годишно реализира 9 концерти и 5 дополнителни настани на сцената на Народниот театар и Центарот за култура во Битола и во локалните клубови и културни сцени.

Сподели