Гран при за „Солисти на ФМУ“ предводени од Сашо Татарчевски на фестивал во Братислава

Гран при освои оркестарот „Солисти на ФМУ” предводени од проф. м-р Сашо Татарчевски на фестивалот Bratislava spring festival, што се одржа во март во словачкиот главен град. За првпат, оркестарски ансамбл на ФМУ учествуваше на меѓународен музички натпревар.

Нашиот оркестар настапи на три концерти, а учествуваше и во натпреварувачкиот дел на фестивалот. Врвната подготвеност и извонредниот прием кај публиката и останатите учесници на фестивалот се потврди и со одлуката на жири комисијата на нашиот оркестар да му додели златна диплома со 98 поени во натпреварувачката категорија, како и Гран при на фестивалот.

-Во еден навистина тежок период за нас, како факултет, но и за целото општество, ваквото врвно достигнување е нешто што го подигнува духот на студентите но и на сите млади луѓе, покажувајќи дека со знаење, посветеност и квалитетна работа ништо не е недостижно и невозможно. Овој успех се постигна благодарение на поддршката од Министерството за култура и туризам, како и од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и е јасен показател за тоа колку е важно да се поддржат оние индивидуи и колективи кои таквата поддршка стално ја оплодуваат со врвни достигнувања – велат од ФМУ.

Сподели