Четворица автори чии дела ги има преведено и издадено книгоиздателството „Македоника литера“ се кандидати за Меморијалната награда „Астрид Линдгрен“. Ова е најголемата светска награда за литература за деца и млади за возрасни, заедно со наградата „Ханс Кристијан Андерсен“. Создадена е во 2002 година од шведската влада за да го промовира правото на секое дете на големи приказни.
Меморијалната награда за 2025 година ќе биде соопштена во вторник (1 април) во 13 часот по средноевропско време, во програма во живо од Стокхолм и на Саемот за книгата за деца во Болоња.
Номинираните автори, од кои „Македоника литера“ има публикувано дела, се Ѓин Бо и Хуанг Беиѓиа од Кина, Сања Пилиќ од Хрватска и илустраторката и писателка Ана Хеглунд од Шведска.
„Македоника литера“ од овие автори ги објавила книгите: „Мирисливата птица“ од Ѓин Бо (од серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“), „Бадникова вечер“ од Хуанг Беиѓиа (од серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“), „Баш сум хепи!“ од Сања Пилиќ и Улф Старг и „Умееш ли да свиркаш, Јохана?“ од Ана Хеглинд.
Објавата на добитникот на наградата ќе биде пренесуван во живо на веб-страницата: alma.se/en





