Изложбата „Нема време за работа …“ отворена во Прага

Уметникот Доротеј Нешовски и Ивана Васева, кокуратор се дел од меѓународната изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа“ што вчера беше отворена во галеријата „Лајхтерув дум“ во Прага, Чешка. Изложбата е во копродукција на организацијата „Факултет за работи што не се учат – ФРУ“ од Скопје. На изложбата учествуваат десетина уметници од Чешка, Словачка и земјите од поранешна Југославија, а која беше отворена лани во Мултимедијалниот центар „Мала станица‘ во Скопје, во рамките на фестивалот АКТО 19. Покрај Нешовски и Васева, во изложбата учествуваат: Селма Баниќ, Ленка Ѓоројевиќ и Матеј Ступица, „Хевит колектив“, Лукаш Хофман, Барбора Клајнамплова, Данило Прњат, Павла Сцеранкова, Јижи Скала, „Стонителерс“, а е кокурирана и копродуцирана заедно со кураторскиот колектив на здружението „Јиндрих Халупецки“ од Прага.

Во рамките на отворањето беше промовирана и публикацијата „Прекарно за почетници. Уметноста, работата и како да се делува за подобри услови“, уредена од Виолета Качакова и Ивана Васева. Публикацијата ги разгледува работничките права на независните уметници и културните работници и напорите за подобрување на нивните услови. Ги истражува овие прашања во поширок контекст на културните политики на земјата, кои ги обликуваат севкупните работни услови во вонинституционалниот културен сектор.

Сподели