Факултетот за музичка уметност од Скопје организира комеморација за вонр. проф. м-р Сара Пројковска-Николовска утре во 13 часот во концертната сала на факултетот. Таа го загуби животот во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, за време на концертот на групата ДНК.
Сара Пројковска-Николовска е родена на 30 декември 1977 година во Скопје. Нижото и средното музичко образование го заврши во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, на одделот за пијано. Својата академска и професионална кариера ја продолжи на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што магистрираше, а потоа и работеше како вонреден професор на Катедрата за клавишни инструменти и харфа.





