Почит за настраданите во Кочани и од техничкиот кампус на УКИМ

Молк, тага, сплотеност на вториот собир покажаа студентите и професорите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, денес на техничкиот кампус во Скопје. Студенти од ФЕИТ, Машински факултет, ФИНКИ, Факултетот за драмски уметности, Технолошко-металуршкиот факултет со седумминутно молчење оддадоа почит на настраданите во немилиот настан во Кочани.

Од Универзитетското студентско собрани на УКИМ информираа дека собирот закажан за утре на кампусот на Ветерина, Шумарски, Земјоделски факултет ќе се откаже поради малиот простор на кој не може да се собере голем број луѓе.

Фото: Маја Јаневска-Илиева / Преземено од ppj.mk

Сподели