Се одложуваат сите културни настани закажани неделава

Се одложуваат сите културни настани закажани неделава поради трагедијата што се случи вчера во Кочани.

– Министерството за култура и туризам и нејзините национални установи ги откажуваат сите планирани настани во текот на оваа недела, како знак на почит кон настраданите и нивните семејства. Нека оваа недела биде време на размислување и почит. Ве повикуваме на солидарност и разбирање во овие тешки моменти – соопшти министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Во пожарот загинаа 59 луѓе, меѓу кои и реномирани музичари. Во моментот на лекување се 155 лица, дваесетина од нив во потешка состојба. Голем дел од пациентите вчера беа испратени во болниците во регионот.

Вчера повеќе институции од културата ги понудија своите простории за сместување на семејствата и родните на повредени што се донесени на лекување во Скопје, меѓу нив Македонскиот народен театар и Музејот на Македонија. Покрај известувањето од Министерството за култура и туризам, организаторите на настаните и поединечно ги откажуваат настаните. Во Македонија се прогласени 7 дена жалост.

Сподели