Групата „Парусион“ на тапанарот Михаил Парушев ја сними песната „Чиста љубов“ (Pure Love), на која како вокал гостува Катја Корен, пејачка од Словенија која живее во САД. Парушев е автор на музиката и на аранжманот на песната, а Корен го напиша текстот. Во песната настапуваат познати македонски музичари – Зоран Костадиновски на гитара, Дамир Имери – на клавијатури, Иван Бејков – на бас, а Парушев свири тапани.
Парушев е автор на музиката и на аранжманот на песната, а Корен го напиша текстот. Во песната свират познати македонски музичари. На гитара е Зоран Костадиновски, Дамир Имери на клавијатури, Иван Бејков на бас, а Парушев свири тапани.
Музичарот кажа дека Катја Корен ѝ дала важен печат на песната, а својот вокален дел го снимила во Лос Анџелес. Песната и спотот се достапни на овој линк.
– Ова е стара песна која ја има на нашиот албум ‘Агол’ од 2022 и тогаш се викаше ‘Барање’ (Searching). Сега е со нов текст и со нов аранжман. Песната е љубовна и на сите многу ни се допаѓа. Наскоро ќе се снимат и македонска и српско-хрватска верзија“, вели Парушев.
Тој додава дека Катја Корен ѝ дала важен печат на песната, а својот вокален дел го снимила во Лос Анџелес. Песната и спотот се достапни на овој линк.





