„100 години квантна механика“ е насловот на семинарот што го организираат Друштвото на физичарите на Република Македонија и Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје по повод годината на квантната наука и технологија. Семинарот е наменет за средношколци, а ќе се одржи на 11 април на Институтот за физика. Рокот за пријавување е до 31 март и ќе биде отворено сè до пополнување на бројот на слободни места по принципот „прв пријавен, прв услужен“
Сите заинтересирани може да се пријават на линкот.





