„Патување пеш“ на Тамара Котевска од денеска во „Синеплекс“

Документарниот филм „Патување пеш“ (The Walk) во режија на Тамара Котевска од денеска во 18 часот ќе биде на репертоарот на киното „Синеплекс“ во Скопје. Филмот ја имаше својата премиера на последното издание на „Македокс“ во август минатата година.

Документарниот филм го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. Филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, разоткривајќи ја одисејата на Амал, преку два континента, симболот на бегалците низ цел свет. Филмот се снимаше 2 години, на територија на повеќе од 10 земји.

„Патување пеш“ има големи фестивалски успеси низ цел свет.

– Јас лично бев интимно мотивирана да го направам овој филм баш поради тоа што потекнувам од земја каде што бегалците се невидливи и тоа сите ние го знаеме и сведочиме. Тоа што го видов од овој проект е дека ние не смееме да останеме слепи на овој проблем и многу ми е мило што денеска овој филм е гласот кој се надевам дека ќе ja разбуди македонската публика да сфати дека бегалците не се невидливи и тие постојат секаде околу нас во нашава земја. Се надевам дека овој филм ќе допре до сите и дека ќе направи промена – рече Котевска.

Сподели